HomeДЕНЕШНАПолитикаМакедонија изгуби уште еден случај во Стразбур, Струмичанецот Митров ја доби правдата

Македонија изгуби уште еден случај во Стразбур, Струмичанецот Митров ја доби правдата

Струмичанецот, Слободан Митров ја доби постапката што ја водеше во Европскиот суд за човекови права во Стразбур против Република Македонија, а се однесуваше на сообраќајната несреќа во која животот го загуби ќерката на еден од судиите во Кривичниот суд пред кој беше суден, јави дописникот на МИА. Митров беше вмешан во сообраќајката која се случи 2006 година, а во која 18-годишна девојка го загуби животот. Таа беше ќерка на судијата М.А., кој заседаваше во Кривичниот совет на Основниот суд од Струмица. Беше отворена истрага против Митров, кој беше еден од возачите вмешани во сообраќајката. Тој беше обвинет и осуден во март 2008 од судот во Струмица за возење под влијание на алкохол и прекумерна брзина, на четри и шест месеци затвор.

Судот исто така го прифати барањето за оштета од страна на семејството против осигурителното друштво на жалителот Митров. Жалбата на одлуката на првостепениот суд беше отфрлена во септември 2008 и казната беше зголемена на шест години затвор. Врховниот суд исто така ја отфрли жалбата и барањето за ревизија на конечната пресуда. За време на целата постапка, Митров бараше да бидат изземени судиите кои одлучуваа по неговиот предмет, аргументирајќи дека тие ќе треба да донесат одлука за несреќен случај во кој ќерката на еден нивни колега почина.

Во жалбената постапка тој аргументираше дека еден од судиите бил и записничар на судијата М.А. мајка на жртвата, која претседаваше со Кривичниот совет на судот. Сите негови барања неговиот предмет да биде разгледуван пред друг суд, беа отфрлени. Митров се жалеше во Стразбур според членот 6&1 на Европската конвенција за човекови права, односно за право на правично судење, односно дека постапката водена против него не била правична и дека судот кој се изјаснуваше по случајот не бил непристрасен. Во пресудата на ЕСЧП се вели дека судот не бил непристрасен, доделувајќи му 3.600 евра за морална штета и 660 евра за трошоци.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com