HomeФЕР ПЛЕЈРакометМакедонија поразена од Полска – следна надеж за победа се Тунис и Чиле

Македонија поразена од Полска – следна надеж за победа се Тунис и Чиле

 

Вчера, Македонија го одигра првиот натпревар од квалификациите за пласман на Летните Олимписки Игри годинава во Рио. Македонија изгуби од Полска со 5 голови разлика, на крајот резултатот заврши 20:25 за полјаците.

На почетокот на натпреварот се даваа голови, но Полска повторно беше во предност, ако не повеќе 1 гол секогаш имаше плус од Македонија. Подоцна настапи криза кај црвено – жолтите каде што Полска ја искористи лошата игра на Македонија и дојде до резултат 7:4. Од тогаш резултатот се зголемуваше кај полјаците, а Македонија како да тапкаше во место.

На крајот резултатот беше 20:25 за Полска. Лазаров и својата екипа се надеваат на следните два натпревари.

Инаку, денеска македонската репрезентација игра против Тунис со почеток од 18 часот, па да им посакаме на нашите среќа и многу успех и да не израдуваат со победа.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com