HomeДЕНЕШНАПолитикаСпасов: „Македонија вработува 2“ со нови бенефиции за компаниите

Спасов: „Македонија вработува 2“ со нови бенефиции за компаниите

Министерството за труд и социјална политика го најави проектот „Македонија вработува 2“ кој треба да донесе нови бенефиции за компаниите кои ќе отворат нови работни места. Во негова реализација ќе учествуваат повеќе државни институции како Агенцијата за вработување и мерките ќе бидат распоредени низ целата држава.

– Со оглед на тоа дека првиот дел од овој проект, проектот „Македонија вработува 1“, даде исклучително добри резултати, вроди со плод и отвори нови 19.00 места и им помогна на над 10.140 компании да го зголемат бројот на вработени, а за сметка на тоа да заштедат значителни средства, сосема очекувано беше да продолжиме со негова реализација за отворање нови работни места со поддршка на македонските граѓани коишто бараат работа и со поддршка на македонските компании, потенцираше Спасов за ТВ Сител.

Со ослободувањата од придонесите преку проектот се дава и голема поддршка за македонската економија покрај тоа што компаниите се стимулираат за отворање на нови работни места. На државно ниво оваа програма на Македонија и донесе 19.000 нови вработувања, а мерката ја искористија повеќе од 10.000 компании, што значи дека мерката е добро обмислена и дава одлични резултати, потенцираат од Министерството за труд и социјална политика.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com