HomeАНТИСТРЕСЖуркиМакедокс и на Д Фестивал

Македокс и на Д Фестивал

Патувачкото Кино на МакеДокс е дисперзиран фестивал кој секоја година ги посетува помалите населени места надвор од културната мапа на Македонија, а ова несебично раскажување на волшебните документарни приказни, кое годинава ќе се одржува во Валандовско од 11-25 јули, три дена ќе гостува на Д ФЕСТИВАЛ во Дојран од 15 до 17 јули.

Во рамки на Патувачкото Кино на МакеДокс, посетителите на Д Фестивал ќе имаат прилика да погледнат повеќе документарни филмови како „Во потрага по Фела“, „Ликвидатор“, „Звукокршач“, „Дае“, „Танцувајќи со Марија“, „Ритам и звук“.

МакеДокс (MakeDox) е фестивал на креативен документарен филм кој се состои од два дела: Интернационален Фестивал на Документарниот филм и Патувачко Кино. Главната цел на комплетната филмска програма е да го стимулира правењето на документарни филмови и да испровоцира креативен дијалог на оваа тема помеѓу авторите и публиката, и уште пошироко, во македонското општество.

„За разлика од доминантните медиуми кои создаваат пасивни конзументи, ние веруваме дека креативните документарни филмови го поттикнуваат размислувањето, активниот ангажман и преиспитувањето на индивиуалните морални вредности и лични ограничувања. Тие придаваат можност за критички пристап и поголема самодоверба. Конечно, документарците ги стимулираат самоизразувањето и создавањето“ – порачуваат МакеДокс.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com