HomeАНТИСТРЕСПатувањеМаица за снаоѓање во странство, можете да комуницирате на секој јазик

Маица за снаоѓање во странство, можете да комуницирате на секој јазик

Тројца Швајцарци дизајнираа маичка која ќе сакате да ја носите на секое патување. Имено, се работи за маичка која ќе ви ја олесни комуникацијата со локалното население, каде и да се наоѓате. IconSpeak е маичка со 40 испечатени симболи кои ќе ви помогнат да ја срушите јазичната бариера ако престојувате во земја чиј јазик не го владеете.

Со помош на маичката можете да испраќате разни предупредувачки пораки, но и да побарате тоалет, место за преспивање, да прашате колку е часот или во која насока треба да тргнете. Тројцата Швајцарци ја добиле идејата додека пиеле доцна во ноќта во Виетнам. Тие велат дека многу пати наишле на јазични бариери кои можеле да ги преминат само ако нацртаат некаков знак или симбол на лист хартија, мапа или на земјата.

Очигледно маичката се покажала како успешен дизајн и моментално е во продажба по локалните продавници низ Швајцарија и на интернет по цена од 33 долари или околу 1.800 денари.

Оваа маичка е единственото нешто што ви треба ако се изгубите во друга земја

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com