HomeДЕНЕШНАПолитикаЛП: Во Виена да се договори оставка на Иванов и попис на населението

ЛП: Во Виена да се договори оставка на Иванов и попис на населението


Либералната партија која е дел од опозицискиот блок упати неколку пораки до СДСМ која ќе учествува во петок на преговорите во Виена за основни услови кои мора да се прифатат за да се продолжи со решавање на политичката криза.

Според ЛП неопходно е да се најде начин за повлекување на претседателот Иванов преку оставка или импичмент и целосно да се повлече одлуката за аболиција. Исто така ВМРО-ДПМНЕ да се обврзе од прекин на контра-протестите, но и многу посериозни потфати како попис на населението што би дало појасна слика за бројот на активни гласачи.

ЛП смета дека политичкиот процес е излезен од контрола и четирите најголеми партии имаат обврска да ја смират состојбата и да ги следат насоките за решавање на кризата се додека не се создадат идеални услови за фер и демократски избори.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com