HomeАЈНШТАЈНИЈААтласЛондон ќе забрани реклами кои доведуваат до незадоволство од сопственото тело

Лондон ќе забрани реклами кои доведуваат до незадоволство од сопственото тело

Рекламите, кои кај корисниците на јавниот превоз во Лондон би можеле да доведат до „недостиг на самодоверба поради незадоволството од своето тело“, ќе бидат забранети на почетокот на следниот месец, соопшти канцеларијата на градоначалникот на Лондон.

Забраната ќе се применува на 12.000 реклами, кои секојдневно се поставуваат во атобуси, трамваи, метроа и возови кои сообраќаат во рамки на системот управуван од страна на градската агенција Транспорт за Лондон (ТФЛ).

„Од следниот месец нема да бидат дозволени реклами кои промовираат нереални слики за човечкото тело кои можат да предизвикаат несигурност во сопствениот физички изглед, особено кај младите“, се наведува во соопштението.

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан ја поддржа оваа одлука, наведувајќи дека како татко на две тинејџерки е загрижен заради нереалните пораки кои рекламите ги испраќаат и притисокот кои го вршат врз жените.
reklami
Во јули минатата година еден британски полицаец изјави дека поставување реклама за протеинска диета со слики на девојка во бикини не е навредлива, што во јавноста беше оценета како сексистичка изјава. На рекламата со слоганот „Дали вашето тело е подготвено за плажа?“, австралискиот модел, манекенката Рене Сомерфилд е облечена во жолт костим за капење.

Агенцијата ТФЛ е една од најпрофитабилните во светот, со очекуван приход од 1,98 милијарди евра во наредните осум години.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com