HomeДЕНЕШНАПолитикаЛондонска поддршка за „Шарената револуција“

Лондонска поддршка за „Шарената револуција“


Македонци од Лондон најавија дека во сабота во прочуениот Хајд Парк во Лондон каде се одржуваат политички митинзи и секој може слободно да говори на општествени теми ќе се соберат на протест за поддршка на „Шарената револуција“ или поточно на граѓанските активности во изминатите десет дена со кои се бара повлекување на претседателот Иванов и одлуката за аболиција, како и одложување на изборите.

„Ние, Македонската заедница и пријатели на Македонија во Велика Британија, организираме протест во знак на солидарност со граѓанските протести во Македонија за слобода, правда и еднаквост“, стои во објавата за протестот. Вакви протести веќе се одржаа во САД и Австралија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com