HomeДЕНЕШНАРепубликаЛокализиран големиот пожар кај Богданци, штетата огромна

Локализиран големиот пожар кај Богданци, штетата огромна

Во голем дел е локализиран и ставен под контрола пожарот што вчера попладне избувна во околината на Богданци. На непристапните места тој се уште е активен, информираа од Регионалниот центар за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување од Гевгелија. Опожарени се околу 12.000 метри квадратни-сува трева, стрништа и смрека.

-Од 4 часот наутро на лице место во гаснењето на пожарот учествуваат тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување со 40 луѓе кои се предводени од директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу. Во гаснењето учествуваат и 20 луѓе од просторните сили на општина Богданци, 1 медицинска екипа, 49 лица од Македонски шуми и лица од противпожарните служби на Валандово, Струмица, Гевгелија и Дојран. Во моментот пожарот е локализиран и ангажираните лица остануваат на терен за да не дојде до негово повторно активирање, информираат од ДЗС.

Дирекцијата за заштита и спасување информира дека преку своите подрачни одделенија ја следи состојбата на терен со настанатите пожари и за секоја новонастаната состојба во континуитет ќе известува.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com