HomeФЕР ПЛЕЈОстанатиЛОИ 2016: Србија и Црна Гора во полуфинале – Дали ќе им се придружи уште една Екс Ју држава?

ЛОИ 2016: Србија и Црна Гора во полуфинале – Дали ќе им се придружи уште една Екс Ју држава?

Ватерполо репрезентациите на Црна Гора и на Србија изборија пласман во полуфиналето на ватерполо турнирот на Игрите во Рио, елиминирајќи ги првопласираните селекции од групите Унгарија и Шпанија.

Во првото четвртфинале Црна Гора по изведувањето пенали ја победи Унгарија. Во регуларниот дел натпреварот заврши 9:9, а на пенали беше 4:2 за Црна Гора. Во полуфиналето Црна Гора ќе игра против победникот од дуелот Бразил – Хрватска.

Во вториот четвртфинален дуел европскиот и светски шампион Србија ја совлада Шпанија со 10:7. Репрезентацијата на Србија во текот на целиот натпревар имаше контрола над резултатот. Србија во полуфиналето ќе игра со победникот од четвртфиналето меѓу Грција и Италија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com