HomeДЕНЕШНАРегион„Ловот“ на пучисти продолжува, двајца генерали уапсени во Дубаи

„Ловот“ на пучисти продолжува, двајца генерали уапсени во Дубаи

Двајца турски генерали, кои се на служба во Авганистан, биле уапсени во Дубаи по обидот за воен преврат во Турција, објави телевизијата Си Ен Ен-Турк, повикувајќи се на дипломатски извори. Тие денеска изутрина биле префрлени во Турција. Според телевизијата, уапсени се генерал-мајор Џахит Бакир, командант на турските сили во меѓународната мисија на НАТО во Авганистан и бригадниот генерал Шенер Топуч.

Најмалку 246 лица загинаа ноќта на 15 јули, кога група војници употребија авиони-ловци, хеликоптери и тенкови со цел да ги преземат аеродромите и нападнаа згради, меѓу кои и турскиот Парламент, при обид да ја соборат Владата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com