HomeДЕНЕШНАСветЛистерија во Германија, стотици тони месо повлечени од продажба

Листерија во Германија, стотици тони месо повлечени од продажба

Стотици тони месни преработки на компанијата „Сиебер“ се повлечени од продажба поради можно присуство на бактеријата листерија. Според весникот „Зи Дојче Цајтунг“ во различни прозводи на фирмата биле пронајдени пет позитивни случаи на бактеријата која што е опасна за човековиот организам, особено за трудни жени и луѓе со нарушен имунолошки систем.
listerija
Компанијата „Сиебер“ која со храна го снабдува и меѓународниот аеродром во Минхен призна дека во сувомесните прозиводи била пронајдена бактеријата по што од продажба биле повлечени сите производи. Според германските власти бактеријата не е пронајдена во сите производи на компанијата, но поради претпазливост сите нејзините 206 производи мора да бидат повлечени од пазарот. Од граѓаните се бара да не ги јадат повлечените производи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com