HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЛион ја одреди цената, ќе прифати ли Барселона?

Лион ја одреди цената, ќе прифати ли Барселона?

Фудбалскиот клуб Лион ја одреди цената за централниот дефанзивец кој се наоѓа на мета на Барселона. Самуел Умтити е голема желба на Барселона, но постои шанса преговорите да не се одвијат онака како што се очекува. Имено, Лион за 23-годишниот дефанзивец бара дури 32 милиони евра, а Барселона е подготвена да плати 20 плус бонус од пет милиони.

Доколку дојде до договор, Умтити ќе стави потпис на петгодишен договор со Барселона, која ова лето остана без Марк Барта, а се очекува заминување и на Томас Вермален. Умтити е репрезентативец на Франција, како играч се изгради во Лион, а во првиот тим е уште од 2011 година.

Од тогаш одигра вкупно 167 натпревари и постигна пет погодоци и важи за еден од најперспективните централни дефанзивци во Лига 1. 1

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com