HomeДЕНЕШНАПолитикаЛидерска средба утре за насочување кон реформи и конечно избори

Лидерска средба утре за насочување кон реформи и конечно избори

Лидерите на најголемите политички партии утре ќе одржат средба на која ќе треба да се согледа досегашното спроведување на реформите од Пржинскиот процес и да се донесе заклучок дали се исполнети условите за избори кои се планирани во декември.

Оптимизам постои и кај власта и кај опозицијата дека реформите започнуваат да се применуваат што води кон создавање на прифатливи услови за избори. Меѓу нив е и комплетирање на ад-хок телото за надзор на медиумите, како и назначување на нов уредник на МТВ по предлог на опозицијата.

Со ставање на фокус на изборните процеси ќе се тргне фокусот од досегашните меѓусебни обвинувања за непочитување на Договорот од Пржино и избегнување на одговорност за предвидените реформи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com