HomeДЕНЕШНАСветЛидерот на Ал Каеда му се заколна на верност на новиот талибански водач

Лидерот на Ал Каеда му се заколна на верност на новиот талибански водач

Лидерот на Ал Каеда, Ајман ал-Завахири во аудио порака објавена на интернет му се заколна на верност на новиот водач на авганистанските талибанци, кој минатиот месец е поставен на чело на талибанското движење, откако неговиот претходник е убиен во американски напад со беспилотно летало.

„Како лидер на џихадистичката организација Ал Каеда уште еднаш се колнам на верност и согласно пристапот на Осама ги повикувам муслиманите да го поддржат Исламскиот Емират“, изјавил Ал-Завихири на 14-минутната снимка.

Автентичноста на снимката засега не е можно да се провери. Ал-Завахири му се заколна на верност на Хаибатулах Ахунџади, кој беше еден од замениците на поранешниот талибански лидер Мула Ахтар Мансур, а именуван е за водач на движењето неколку дена откако Мансур беше убиен во американски напад со беспилотно летало во Пакистан.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com