HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЛига 1: Ибрахимовиќ повторно најдобар

Лига 1: Ибрахимовиќ повторно најдобар

Фудбалерот на Парис Сен Жермен Златан Ибрахимовиќ по рекорден трети пат повторно е избран за најдобар фудбалер во француската Лига 1. Титулата најдобар фудбалер на Ибрахимовиќ му беше доделена од страна на неговите колеги, а зад него се најде уште еден фудбалер на Парис Сен Жермен Анхел ди Марија, напаѓачот Бен Арфа и играчот на Марсеј Диара.

Репрезентативецот на Шведска оваа година во Лига 1 постигна 35 погодоци и го водеше Парис Сен Жермен до четврта по ред титула во Француското првенство. Втора сезона по ред тренерот на Парис Сен Жермен Лорен Блан е прогласен за најдобар тренер во лигата, додека 18-годишниот фудбалер на Рен Осман Дембеле е избран за најдобар млад фудбалер.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com