HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЛиверпул му ја расипува работата на Јувентус?!

Ливерпул му ја расипува работата на Јувентус?!

Јурген Клоп ќе се обиде да го „украде“ белгискиот репрезентативец. Фудбалскиот клуб Ливерпул покажа интерес за везистот на Зенит Аксел Витсел. Како што пренесуваат италијанските медиуми, иако Јувентус договорил практично се со дефанзивецот на Белгија, Ливерпул ќе се обиде да го убеди да премине на „Енфилд“.

Летото трансферот на Витсел во Јуве беше практично завршен, но рускиот клуб во последен момент ги стопираше преговорите па неговиот трансфер во Торино беше пролонгиран. Јурген Клоп сака да го искористи тој факт и да се обиде да го доведе Витсел и со тоа го засили везниот ред иако тука веќе има голем број на фудбалери како Чан, Грујиќ, Вајналдум, Хендерсон и Лалана.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com