HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЛиверпул го продава Марковиќ на лето?

Ливерпул го продава Марковиќ на лето?

Според пишувањата на англиските медиуми, Јирген Клоп смета дека нема место за Марковиќ во тимот за следната сезона, па српскиот фудбалер би требало да биде продаден следното лето. Марковиќ оваа сезона ја помина во турскиот Фенербахче, бидејќи претходно не успеа да се наметне во првиот тим на Брендан Роџерс.

Во Турција забележа две асистенции и еден погодок, па наводно Јирген Клоп нема да смета на него пред почетокот на следната сезона. Поранешниот напаѓач на Партизан пристигна во англискиот клуб од Бенфика за сума од 20 милиони фунти во 2014 година, а на вкупно одиграни 34 натпревари за клубот од Енфилд постигна 3 погодоци.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com