HomeАНТИСТРЕСГурманЛетно освежување: Домашен мус од јагоди

Летно освежување: Домашен мус од јагоди

Задоволство во три слоеви кое ќе ве освежи во летните горештини.

Потребни состојки:
(за жолт фил)
* 2 жолчки
* 3 лажици шеќер
* 50 гр. бело чоколадо
* 1 ванилин шеќер
* 1,5 децилитри слатка павлака
* 5 гр. желатин

(за розев фил)
* 250 гр. јагоди
* 4 лажици шеќер
* 5 гр. желатин
* 1,5 децилитри слатка павлака

(за декорација)
* 150 гр. јагоди
* 3 лажици шеќер
* 5g желатин

Начин на подготовка:
(Жолт фил) – Во еден сад соединете ги жолчките со шеќер и ванилин шеќер и гответе на пареа со постојано мешање додека смесата не се згусне. Додадете искршена бела чоколада и мешајте додека не се растопи. Во оладената смеса од жолчки и чоколадо додадете шлаг од слатка павлака и бавно мешајте. Прелијте го желатинот со 2 лажици ладна вода, измешајте и веднаш додадете во филот. Добро измешајте со дрвена лажица.

(Розев фил) – Измиксирајте ги јагодите во блендер, соединете ги со шеќерот и кратко варете додека 1/3 од течноста не зоврие. Прелијте го желатинот со 2 лажици ладна вода, мешајте додека набабри и потоа додадете го во топлата смеса од јагоди. Изматете ја слатката павлака така што ќе добиете цврст шлаг и потоа додадете го оладениот фил од јагоди и мешајте.

(Декоративен дел) – Во стаклени чаши нанесете го филот од јагоди, а потоа и жолтиот фил. Преостанатите јагоди за декорација измешајте ги и сварете ги заедно со шеќерот. Во него додадете го набабрениот желатин и оставете да се олади. Разлејте ја оладената смеса преку жолтиот фил и оставете да се зацврсти.

 

 

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com