HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЛестер се поблиску до титулата, падна и Саутемтон

Лестер се поблиску до титулата, падна и Саутемтон

Getty images

Фудбалерите на Лестер продолжија да чекорат кон шокантната титула шампион во Премиер лигата. Екипата на Клаудио Раниери во рамките на 32 коло од англиската Премиер лига го доби Саутемптон на свој терен со минимални 1:0, па сега се наоѓа на чело на табелата на Премиер лигата со 69 поени, седум повеќе од второпласираниот тим на Тотенхем. Ова беше петта победа во последните шест натпревари на Лестер со идентични 1:1.

Екипата на Саутемптон се покажа како сериозен противник, но Каспер Шмајхел успеа да ја зачува својата мрежа, додека на другата страна погодокот за Саутемптон го постигна капитенот Вес Морган. Тој во 28 минута одлично се снајде во казнетиот простор и донесе предност на својата екипа. Саутемптон започна подобро и беше подобар противник во првите 30 минути, но потоа Лестер ја превзема иницијативата и преку шансите на Варди, Симпсон, Махрез и Дринквотер можеше да забележи и поубедлив триумф.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com