HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЛестер го доведе третото засилување!

Лестер го доведе третото засилување!

Клаудио Раниери го доведе фудбалерот со кој соработуваше и во Монако. Нампалис Менди њ новото засилување на Лестер Сити и треба да биде замена за Н’Голо Канте кој најверојатно го напушта клубот ова лето. Тренерот на Лестер е многу добро запознат со квалитетите на 24-годишниот везист бидејќи работеше со него две сезони во Монако.

Менди е третото засилување за следната сезона на актуелниот шампион на Англија за ова лето, откако нешто порано беа доведени Рон-Роберт Цилер и Луис Ернандез.

„Многу сум среќен што пристигнав во Лестер Сити. Екипата зад себе има неверојатна сезона и навистина е големо задоволство да им се приклучам. За мене ова е голем чекор напред во кариерата. Ја сакам Премиер лигата, ми се допаѓа тоа темпо и сакам што побргу да се прилагодам“, истакна Менди.

Французиниот последните три сезони ги помина во Ница и запиша 200 настапи за овој клуб.

mendi

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com