HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЛестер го доведе првото засилување

Лестер го доведе првото засилување

Првото засилување на новиот анлиски шампион е голман. Се работи за досегашниот голман на Хановер Рон Роберт Цилер кој ќе биде првото засилување за Лестер Сити за новата сезона. Репрезентативецот на Германија пристигна во Англија каде треба да ги помина медицинските прегледи и да потпише договор, а Хановер за овој трансфер ќе добие 2,7 милиони долари. Цилер има 27 години и ќе се врати повторно во Англија, бидејќи од 2005 до 2010 година беше во составот на Манчестер Јунајтед, но не запиша ниту еден настап за „Црвените ѓаволи“.

Во 2008 година беше пратен на позајмица во Нортемптон каде одигра само два натпревари, а откако замина во Германија доби вистинска шанса. Цилер беше прогласуван за најдобар фудбалер на Хановер пет сезони по ред, а за националниот тим дебитираше во 2011 година и забележа шест настапи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com