HomeАНТИСТРЕСГурманЛесен чоколаден колач за оние кои не се многу вешти во кујната

Лесен чоколаден колач за оние кои не се многу вешти во кујната

Доколку сте љубители на слатките, но не сте многу вешти во кујната, имаме решение за вас. Чоколаден колач кој можете многу лесно да го приготвите.

Потребни состојки:

11-12 лажици Екстра бело брашно тип 400 од Жито Лукс

3 јајца

3 филџани шеќер

2 филџани млеко

1 филџан масло

1 пециво

1 ванилин шеќер

100 гр. чоколадо

Начин на подготовка:

Белките се матат во посебен сад заедно со шеќерот, а жолчките во посебен сад. Откако ќе ги изматите жолчките се додаваат во белките и се матат додека се соединат. Потоа се додава млекото, маслото, пецивото и ванилин шеќер и се продолжува со матењето. На крај се додаваат 11-12 лажици брашно и се промешува со лажица.

Смесата се става во тепсија претходно намачкана со масло и со малку брашно и се става да се пече во рерна загреана на 200 степени.

Чоколадото растопете го на рингла на тивок оган. Откако тортата ќе се излади се сече на парчиња и се премачкува со растопеното чоколадо. Оставете го колачот да се излади пред да го сервирате.

На здравје!

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com