HomeРЕФЛЕКТОРФилмЛеонардо Ди Каприо на суд поради улогата во филмот „The wolf of wall street“

Леонардо Ди Каприо на суд поради улогата во филмот „The wolf of wall street“

Познатиот актер Леонардо Ди Каприо ќе сведочи на суд во случај поврзан со филмот „The wolf of wall street“ снимен во 2013 година, пренесуваат американските медиуми. Имено, поранешниот извршен директор на брокерската фирма „Straton Oakmont“ Ендрју Грин бара 25 милиони долари оштета во обвинение за тужба која ја поднесе против продуцентската куќа „Paramount Pictures“, како и останатите продуценти.

Во тужбата стои дека тој во филмот бил претставен како „криминалец, љубител на дрога и пореметен човек“, преку ликот на Ники Коскоф. Ди Каприо е поврзан во својство на сведок, а неговите адвокати соопштиле дека неговото познавање на сценариото, имрповизацијата на другите актери во филмот, како и креативните одлуки донесувани од другите актери се премногу „сиромашни“ за тој да може да сведочи во овој случај. Сепак, судот побара од Ди Каприо да се појави како сведок.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com