HomeДЕНЕШНАПолитикаЛенче Ристовска не открива што има во тефтерот на Грујoвски

Ленче Ристовска не открива што има во тефтерот на Грујoвски

Медиумите кои го следат случајот со началникот Грујевски откриваат дека при претрес е пронајден тефтер во кој се содржани информации за следењето на обвинителите од СЈО, како и за нивните соработници, но и потенцијални сведоци кои биле набљудувани. Портпаролката и обвинителка Ленче Ристовска за Мета изјави дека ваков тефтер е пронајден, но во интерес на истрагата не смее да открива никакви детали.

„Станува збор за истрага во која ни се неопходни релеватни податоци. Не знаеме како дошле до јавноста овие информации. Можам да ви потврдам дека во домот на осомничениот е најден тефтер, но во интерес на истрагата нема да ја коментираме неговата содржина. Кога постапката ќе биде завршена и кога ќе имаме релевантни податоци, ќе ја информираме јавноста“ – изјави за Мета обвнителката Ристовска.

Началникот на петтата управа на ДБК Горан Грујевски е се уште во домашен притвор и е осомничен дека организирал уништување на опрема за прислушување во вредност од 10 милиони евра со помош на функционери од МВР и токму овој случај кој го покрена СЈО може да им „боде очи“ токму на функционери и припадници на тајните служби.

Извор: meta.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com