HomeДЕНЕШНАСкопјеЛежечките полицајци повторно на улица

Лежечките полицајци повторно на улица

Пред неколку години, лежечките полицајци беа отстранети од законските рамки, а со тоа и од улиците, па локалните власти не можеа да ги користат стандардизираните пречки од овој тип за намалување на брзината на автомобилите дури ни пред болниците, градинките и училиштата, каде што се најпотребни. Заради поголема безбедност во сообраќајот, општините и градската власт на улиците повторно ќе можат да ги постават, како дел од последните измени на Законот за јавни патишта.

Од Градот изјавија дека иако законот ги враќа лежечките полицајци во сила, тие нема да ги поставуваат на булеварите и на поголемите улици кои се во нивна надлежност. Една од причините, како што и досега изјавуваа, е тоа што се голема пречка при чистењето на снегот од сообраќајниците. Поточно, може да ги оштетат плуговите на возилата.

Безбедноста на возачите и пешаците годинава Градот, ќе ја подобрува со низа мерки – ќе поставува катадиоптери на пешачките премини на 11 булевари, таканаречени мачкини очи што се гледаат навечер кога возилото ќе ги осветли во вечерните часови, ќе поставува електронски знаци за предупредување на возачите за пречекорување на брзината, дополнително осветлување на пешачките премини, воведување „зона училиште“ и ладна пластика на пешачките премини.

Според надлежните во градскиот сектор за сообраќај, сообраќајните ограничувачи нема да пречат на активностите на зимската служба.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com