HomeДЕНЕШНАРегионЛегија го напушта српскиот Алкатраз

Легија го напушта српскиот Алкатраз

Милорад Улемек Легија претходните две години се однесувал примерно во затворот Забела, било заклучено во редвониот двегодишен извештај на Управата за извршување кривичкни санкции составена пред неколку дена, ексклузивно дознава српски Телеграф.

Ова би требало да се толкува како уште еден чекор кон излезната врата од српскиот Алкатраз и преселба во друг затвор. Во овој тој имаше право на една посета и тоа преку заштитно стакло и на два телефонски разговори месечно со некој од семејството, но и разговорите биле под надзор. Во обичен затвор би имал право на две посети месечно и еднаш во два месеци би имал право да мине три часа со сопругата во „љубовна соба“, а би можел да работи во работилница во ќелијата.

Милорад Улемек е осуден на единствена казна од 40 години затворо поради убиство на премиерот Зоран Ѓинѓиќ, Иван Стамболиќ и обид за убиство на Вук Драшковиќ во Будва. Зимоска стана главен сведок во постапката за убиството на новинарот Славко Ќурувија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com