HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЛегендарниот турски фудбалер Хакан Шукур оди на суд бидејќи го навредил Ердоган

Легендарниот турски фудбалер Хакан Шукур оди на суд бидејќи го навредил Ердоган

Започна судската постапка против легендарниот фудбалер на Турција Хакан Шукур поради неговите навреди упатени кон претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган. Според последните информации, обвинителите во Истанбул побарале затворска казна за Шукур, поради неговите коментари на социјалната мрежа Твитер за Ердоган, кои во меѓувреме биле отстранети од интернет.

Според одредени шпекулации во тие коментари Шукур алудирал на корупцискиот скандал на соработниците на Ердоган во 2013 година. Доколку биде прогласен за виновен, Шукур се соочува со затворска казна од една до четири години. Поранешниот фудбалер го прескокнал првото рочиште, бидејќи сега живее во САД. Судењето потоа беше одложено за одбраната да има повеќе време до судот да ја достави новата адресна на Шукур.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com