HomeРЕФЛЕКТОРМузикаЛегендарниот состав „Led Zeppelin“ обвинет за плагијат!

Легендарниот состав „Led Zeppelin“ обвинет за плагијат!

Членовите на легендарниот британски рок бенд „Led Zeppelin“, гитаристот Џими Пејџ и пејачот Роберт Плант, ќе се појават во вторник пред судот во Лос Анџелес за да го негираат обвинението дека најверојатно нивниот најголем хит, песната „Stairway to Heaven“ е плагијат.

Рок групата „Spirit“, психоделичниот бенд од Лос Анџелес кој забележа успех, но не и интернациналната слава која ја поседува „Led Zeppelin“, тврди дека воведната, меланхолична гитарска мелодија во песната „Stairway to Heaven“ е преземена од нивното иструментално парче „Taurus“, објавено во 1968 година.

Покојниот гитарист на групата „Spirit“, познат под сценското име Ренди Калифорнија, никогаш не започна постапка за докажување на плагијатот, а тужбата ја поднел неговиот адвокат Мајкл Скидмор. „Доколку ги слушнете двете песни и сами можете да процените дека се работи за кражба. Тие заработија милиони долари и никогаш не рекоа „Благодарам“ ниту пак понудија да платат, а тоа е многу болно“, изјави Ренди Калифорнија за еден весник непосредно пред смртта.

Федералниот суд ниту после две години не можел да донесе конечна одлука околу тоа дали „Stairway to Heaven“ е плагијат, но проценил дека има доволно докази за започнување на постапка.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com