HomeРЕФЛЕКТОРМузикаЛегендарниот Дејвид Гилмур се врати во Попмпеј (ВИДЕО)

Легендарниот Дејвид Гилмур се врати во Попмпеј (ВИДЕО)

Култниот гитарист и пејач на „Пинк Флојд“ одржа концерт во историскиот амфитеатар во Помпеј кој бил затрупан после големата ерупција на Везув во 79 година, а бил откриен дури после втората светска војна. Во Помпеј повторно можеа да се слушнат големите хитови како „Great Gig In The Sky“, „Wish You Were Here“, „Money“, „High Hopes“, „One Of These Days“, „Shine On You Crazy Diamond“.

Гилмур на тој начин се врати на местото каде во 1971 година британскиот бенд одржа концерт “Pink Floyd Live At Pompeii”, но тогаш без публика. Гилмур, кој стана почесен граѓанин на Помпеј, изјави дека тоа место е магично. „Емоциите ме преплавија кога се вратив и ја здогледав бината и амфитеатарот. Тоа е место на духови.. на добар начин“, изјави Гилмур.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com