HomeДЕНЕШНАПолитикаЛДП Битола: Потценувачката цена на пченицата ќе ги уништи земјоделците

ЛДП Битола: Потценувачката цена на пченицата ќе ги уништи земјоделците

Лицемерната политика на Владата на Република Македонија кон земјоделците и нивната макотрпна работа уште еднаш се покажува на дело со откупот на пченицата, реагираат од ЛДП Битола.

„Во текот на жетвата и во година, кога имаме рекордни приноси по хектар посеана пченица, цената на лебното зрно достигнува историски минимум.

Килограм пченица се откупува за минимум 6, а максимум 8 денари. Ваквата „потценувачка“ цена не ги покрива ниту основните трошоци за производство на земјоделците и е директен поттикнувач за намалување на засеаните површини со пченица во најголемата житница во државата, Пелагонија.

Сакаме да ја потсетиме самонаречената ’земјоделска’ влада дека откупната цена на пченицата пред две децении беше 12 денари за килограм. Сега цената е преполовена, а трошоците за производство се три пати зголемени во споредба со деведесеттите години.

За санирање на штетите кои ги трпат земјоделците под итно бараме да се прекине увозот на пченица, а Владата да изврши откуп на пченицата за стоковите резерви за најмалку 10 денари за килограм и веднаш да ги исплати ветените субвенции за пченицата“, стои во реакцијата на ЛДП Битола.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com