HomeГИГА БАЈТХај тек„Лајкамобил“ ќе стане трет мобилен оператор во Македонија

„Лајкамобил“ ќе стане трет мобилен оператор во Македонија

Македонија ќе стане дел од меѓународната мрежа на британскиот виртуелен мобилен оператор „Лајкамобил“, објави компанијата на својата интернет страница. Главна цел на операторот ќе биде, преку ниски цени да им овозможи на македонските граѓани, евтини меѓународни повици, односно поврзување со земјите ширум светот, во кои „Лајкамобил“ веќе работи.

Компанијата има повеќе од 15 милиони корисници во 20 земји каде што оперира. Откако „Вип“ и ОНЕ се споија во една компанија, тие имаат обврска да овозможат влез за трет виртуелен мобилен оператор на пазарот. „Лајкамобил“ е присутна и во Австралија, Австрија, Германија, Франција, Швајцарија, Велика Британија, САД и уште неколку други.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com