HomeДЕНЕШНАСветЛажна дојава за бомба на железничка станица во Москва

Лажна дојава за бомба на железничка станица во Москва

Полицијата не пронашла никаква експлозивна направа на Курската железничка станица во центарот на Москва, од каде поради дојава за можна експлозија биле евакуирани 2.500 лица. „Проверката е завршена, опасност од експлозија не постои“, стои во соопштението од полицијата.

Од полицијата исто така изјавиле дека примиле анонимен телефонски повик дека постои опасност од експлозија на Курската железничка станица, за потоа веднаш да започне евакуацијата. Оваа не е прв пат вакво нешто да и се случи токму на оваа железничка станица, односно веќе неколку пат се случувале лажни дојави за бомба, а последен пат тоа се случило на 1 мај.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com