HomeДЕНЕШНАСветКуче херој спасило семејство од четири кобри

Куче херој спасило семејство од четири кобри

Од Индија доаѓа нова неверојатна приказна поврзана со националниот страв број 1 змиите. Наводно куче од расата доберман спречило четири кобри да влезат во домот на семејство кое живее во селото Себекапур, Источна Индија, но во храбриот подвиг го загубило животот.

Четири часа траела борбата со кобрите кои сите се мртви, а доберманот потоа не можеле да го спасат од насобраниот отров од бројните убоди. Во Индија годишно илјадници луѓе умираат како резултат на убод од отровни змии.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com