HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаКуче скитник предизвика сообраќајна несреќа во Кочани

Куче скитник предизвика сообраќајна несреќа во Кочани

Несекојдневниот инцидент се случил во центарот на Кочани. Кучето од засега непознати причини,се стрчало кон моторџијата, кој во тој момент се движел со својот мопед „томос“, пренесе Канал5.

Во движење, кучето го укасало моторџијата во пределот на ногата и избегало. Шеесет и осумгодишниот С.Н. како последица од првичниот шок и болка, изгубил контрола врз мопедот и удрил во паркирано возило. Како последица од ударот, тој ја скршил левата нога.

Граѓаните кои се затекнале на местото на инцидентот, веднаш притрчале на помош и повредениот итно го пренеле во кочанската, а подоцна, лекарите го транспортирале во штипската Клиничка болница. Поради сериозноста на повредата кочанчанецот е пренесен на Ортопедија на скопската Клиника.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com