HomeАНТИСТРЕСШтосноКуче открило повеќе од еден милион евра во багажник од автомобил!

Куче открило повеќе од еден милион евра во багажник од автомобил!

Полицијата во Амстердам запленила повеќе од 1.3 милиони евра скриени во багажник од автомобил благодарејќи на острото сетило за мирис на тренирано полициско куче. Возилото било сопрено на улицата Борнеолан, а полициското куче, чија специјалност била откривање на банкноти, парите ги открил во таен дел под резервната гума.

pari 2

Полицијата соопштила дека уапсила тројца албански државјани, односно двајца мажи и една жена, меѓу кои и возачот на сопреното возило, осомничени за трговија со дрога и перење на пари. Во рамките на истата истрага, полицијата открила 13 килограми кокаин за време на претресот на една куќа во Амстердам.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com