HomeДЕНЕШНАПолитикаКундерс против селективна аболиција, Попоски за преговори со ЕУ

Кундерс против селективна аболиција, Попоски за преговори со ЕУ

На денешната средба на Кундерс и Попоски, министрите за надворешни работи на Холандија и Македонија, беа посочени неколку клучни моменти од актуелната политичка криза, а тоа се селективната аболиција на претседателот Иванов како и застојот на евроинтеграциите.

Лидерите на главни политички партии во Македонија треба да најдат излез од политичката криза, да создадат фер услови за избори, да се врати дијалогот, да се спроведат предвидените реформи се неопходните насоки според Кундерс и посочи дека не смее да постои неказнивост што е против принципите на владеење на правото.

Од друга страна пак министерот Попоски истакна дека ЕУ мора да го одблокира процесот на интегрирање за Македонија.

„Холандија, како актуелен претседавач со Советот на ЕУ и долгогодишен пријател и партнер за европската интеграција на целиот регион, сака да помогне да се придвижи македонското досие. Најдоброто сценарио е процесот на реформи да биде пресликан во рамката за водење на пристапните преговори. Кај Холандија како и повеќе земји членки, следниот чекор кон ЕУ се гледа во успешно спроведување на избори врз објективни критериуми. За таа цел потребно е час поскоро надминување на политичките предизвици со домашни ресурси. Перспективата за отворање на преговори е моќен инструмент за ЕУ процесот на пристапување, особено по клучните поглавја кои се поврзани со правосудството и внатрешните работи, посочи министерот Попоски“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com