HomeДЕНЕШНАПолитикаКривичниот суд утре ќе ја соопшти пресудата за Чауш и неговиот брат

Кривичниот суд утре ќе ја соопшти пресудата за Чауш и неговиот брат

Захир Беќири – Чауш и неговиот брат Имер Зеќири утре ќе ја добијат пресудата за случајот „Фабрика за афери“ во кој се товарат за печатење лажни лични карти, пасоши и други документи. Кривичниот суд утре ќе ја соопшти пресудата.

Обвинителката Наташа Гоџоска денеска во своите завршни зборови, меѓу другото, рече дека од сведочењето на вештаците било потврдено дека дополнително ставање податоци на компјутерски уреди би се покажало, а такво нешто не било утврдено. Ова се однесува на вештачењето на компјутерските уреди пронајдени во домот на Чауш во кои беа пронајдени 70.000 незаконски прислушувани разговори и база на податоци со украдени идентитети на повеќе од 120.000 граѓани.

Адвокатот на обвинетите, Мирослав Вујиќ, рече дека обвинението е резултат на тримесечно сценарио и дека сè почнало со претресот во домот на Чауш на 18 декември минатата година, кога претресот се вршел под сомнение за поседување дрога, но притоа биле одземени компјутери, УСБ и лап-топи. Тој, пак, спротивно на Обвинителството, тврди дека податоците пронајдени во уредите им биле вметнати дополнително. Тој побара ослободителна пресуда за Захир и за Имер Беќири. Двајцата обвинети пред Судот рекоа дека не се чувствуваат виновни за делата што им се ставаат на товар.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com