HomeДЕНЕШНАСветКремљ: Русија и САД блиску до компромис околу Сирија

Кремљ: Русија и САД блиску до компромис околу Сирија

Москва соопшти дека САД и Русија се многу блиску до постигнување на компромис за решавањето на кризата во Сирија, наведувајќи дека е потеребно уште да се постигне консезнус за мал број на прашања. „Приказната е навистина некој вид на договор, некаков документ кој рускиот претседател го споменуваше и кој се уште не е завршен бидејќи се отворени уште неколку прашања“, изјави портпаролот на Кремљ Димитриј Песков на конференцијата за новинари.

Песков додаде дека рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Барак Обама имале детална искусија за Сирија за време на самитот Г20 во Кина, пренесуваат медиумите. „Компромис не е постигнат само за беззначаен мал број на прашања“, изјави Песков не откривајќи други детали.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com