HomeДЕНЕШНАРегионКремљ прогнозира тензии поради приемот на Црна Гора во НАТО

Кремљ прогнозира тензии поради приемот на Црна Гора во НАТО

Иницијативата на НАТО за прием на Црна Гора, може да доведе до натамошно зголемување на тензиите во Европа, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Од наша гледна точка, натамошното проширување на НАТО во целина е процес со негативен предзнак. Тој процес со ништо не придонесува за европската безбедност, туку напротив може да доведе до натамошно зголемување на нивото на тензии на континентот“, изјави Песков.

peskov

Изјавата на Песков следи откако вчера министрите за надворешни работи на змејите членки на НАТО го потпишаа Протоколот за зачленување на Црна Гора во Алијансата. Со ваквиот потег на министрите, Црна Гора доби статус на земја набљудувач во НАТО и од сега нејзини претставници ќе учествуваат на сите собири на Алијансата.

Црна Гора ќе стане 29-ти полноправен член на НАТО, дури откако Протоколот за нејзин прием ќе го ратификуваат сите земји членки на Алијансата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com