HomeДЕНЕШНАСветКрвав напад во Авганистан, тела на туристи на сите страни

Крвав напад во Авганистан, тела на туристи на сите страни

Најмалку 17 луѓе, вклучувајќи 11 странски туристи, се мртви откако конвој со возила е нападнат во Авганистан од страна на талибанци.

Пет туристи се повредени откако конвојот се наошол на мета на нападот во западен Авганистан.

Националноста на странските туристи сеуште не е позната. Се стравува дека бројот на загинати може да расте.

Нападот се случил во провинцијата Херат на западот од Авганистан, соопштија официјалните лица, а туристите ги прател авганистански воен конвој.

Агенцијата АФП напоменува дека талибанците не ја преземале официјално одговорноста за нападот, како и дека не е познато од која држава се туристите.

– Талибанци нападнаа конвој во заседа, изјави представник на локалната власт во Херат.

Нападот е направен во време кога талибанците ја засилија „летната офанзива“ по краткото затишје во текот на Рамазан, кој заврши на почетокотт на јули.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com