HomeДЕНЕШНАРегионКрваво убиство во кафуле кај Зрењанин, маж застрелал 5 лица и повредил уште дваесетина

Крваво убиство во кафуле кај Зрењанин, маж застрелал 5 лица и повредил уште дваесетина

Пет лица се убиени, а најмалку 20 се ранети во крвава престрелка во кафулето „Макијато“ во местото Житиште кај Зрењанин. Убиството се случило ноќеска во 1.40 часот по полноќ кога З.С. (38) влегол во кафулето и испукал повеќе истрели од автоматското оружје, со што ја застрелал својата сопруга и нејзината пријателка, а потоа продолжил да пука и по останатите присутни во местото.

Од МВР велат дека четири лица се здобиле со тешки повреди, а меѓу ранетите најмалку тројца се малолетници. Од петте жртви две починале на лице место, а три на повредите им подлегнале во зрењанинската болница. З. С. е уапсен, а увидот е се уште во тек.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com