HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаКрвава сообраќајка со еден загинат и повредени во Демир Капија

Крвава сообраќајка со еден загинат и повредени во Демир Капија

Еден загинат и четворица повредени е крвавиот биланс од сообраќајната несреќа која рано утрово се случи на автопатот Неготино-Демир Капија во близина на хотел „Парк”, информира Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.

– Патнички автомобил „даеву“ со српски регистерски ознаки удрил лево во заштитна еластична ограда од автопатот и се префрлил на другиот коловоз автопатот А1 правец Демир Капија-Неготино, појаснува Стојковска.

Во несреќата починало едно лице, а останатите четири лица се здобиле со телесни повреди. Сите повредени биле пренесени во Медицинскиот центар Велес.

– Увид на лице место изврши надлежен Јавен обвинител и увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес. Во времето од 05:20 до 08:30 часот на правецот Неготино-Демир Капија сообраќајот се одвиваше по една коловозна лента, додаде Стојковска.

Од Автомото сојузот на Македонија соопштија дека веќе е нормализиран е сообраќајот на патниот правец Демир Капија – Неготино.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com