HomeФЕР ПЛЕЈФудбалКрај на сагата околу Пол Погба!

Крај на сагата околу Пол Погба!

Пол Погба наскоро и официјално ќе биде старо-нов фудбалер на Манчестер Јунајтед. Италијанскиот новинар Фабрицио Романо се огласи прв на Твитер и ги сподели своите сознанија дека околу тоа дека трансферот на Погба е конечно договорен. Манчестер Јунајтед, Јувентус и Мино Рајола конечно пронашле заеднички јазик.

Французинот има закажани прегледи во Манчестер и ќе се врати на местото каде за него немаше доволно разбирање додека клубот го водеше легендарниот менаџер на „Црвените ѓаволи“, Сер Алекс Фергусон. Оваа вест ја потврди и клубот на својата официјална Фејсбук Страница со следната фотографија:

13912837_10153945817462746_8425051224165548767_n

Според пишувањата на медиумите, се очекува 23-годишниот везист да стави потпис на 5-годишен договор со клубот од „Олд Трафорд“. Значи, само го чекаме и официјалното претставување и моментот кога ќе биде срушен трансфер рекордот. Вклучувајќи ја провизијата на Рајола овој трансфер ќе изнесува 120 милиони евра.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com