HomeАЈНШТАЈНИЈАКрај на годишните времиња онакви какви што ги знаеме?

Крај на годишните времиња онакви какви што ги знаеме?

Климатолозите и метеоролозите приметили случувања кои би можеле да ги доведат до крај годишните времиња онакви какви што ги знаеме. Имено, воздушните струи на северната хемисфера ја поминале природната бариера на екваторот и се поврзале со оние на јужната хемисфера. Обично потполно одвоени една од друга преку екваторот, каде топлиот воздух служи како бариера, јужната и северната хемисфера ги сочинуваат струите на ладниот, сувиоти топлиот, влажен воздух.

Воздухот обично се движи од исток кон запад, но новите податоци покажуваат дека струите од северната хемисфера го промениле правецот на движење и се поврзале со оние од јужната. „Добродојдовте во климатскиот хаос. Мораме да прогласиме состојба на глобална климатска узбуна“, истакнува климатологот од Универзитетот во Отава, Пол Беквит.

Климатски промени

Научниците објаснуваат дека загревањето на поларниот воздух, проследено со климатските промени предизвикани од човечките активности, овозможило воздушните струи да го променат својот правец на движење. „Ова е јасна слика од времето кое се менува поради климатските промени. Нешто што сигурно не би се случило без влијанието на човекот, а ако продолжи вака се закануваат сезонски промени“, истакна Роберт Шиблер, стручно лице за заштита на околината и климатските промени.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com