HomeДЕНЕШНАРепубликаКралицата Елизабета Втора испрати честитка за 25-годишнината од независноста на Македонија

Кралицата Елизабета Втора испрати честитка за 25-годишнината од независноста на Македонија

Кралицата на Обединетото Кралство Елизабета Втора упати честитка по повод 25-годишнината од независноста на Република Македонија, во која ни посака среќа и напредок во периодот кој следува.

„Ми причинува огромно задоволство да ви испратам најтопли честитки за прославата на вашиот Ден на независноста, заедно со моите најдобри желби за среќа и напредок на народот на Македонија во следнава година“, вели кралицата в честитката упатена до Претседателот на Македонија.

Британскиот амбасадор Чарлс Гарет ја сподели честитката на својот фејсбук профил и истакна дека денеска положил венец на Споменикот на паднатите борци во Скопје.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com