HomeДЕНЕШНАПолитикаКој ќе победи на 11 декември, лидерите со остри пораки

Кој ќе победи на 11 декември, лидерите со остри пораки

Договор има, но остануваат заоострените односи меѓу политичките партии, недовербата и ниското ниво на политичка коректност. По вчерашната лидерска средба Заев на Груевски му порача заминување во историјата , а тој му пак му врати дека сега конечно ќе се соочи со народот и нема веќе каде да бега.

Лидерите на двете најголеми партии се задоволни од постигнатиот договор со прифаќањето на повеќе изборни и политички реформи, но не ги штедеа меѓусебните обвинување.

Заев порача Македонија победува бидејќи конечно се исполнети услови за демократски избори без насилство и фалсификување на гласачката волја. Груевски возврати дека СДСМ повеќе нема никакви изговори за бегање од избори и дека конечно ќе се соочи со народот.

„На 11-ти декември ќе ги поразиме сиромаштијата, криминалот, корупцијата, етничките поделби и омразата. Ќе ги поразиме партизацијата на институциите, хајките, нарачаните судски процеси, мафијата. Мора да ставиме крај на иселување на младите луѓе и опустушување на земјата“, порача Заев.

Груевски уште еднаш им посочи на противниците од СДСМ дека на изборниот ден народот ќе ја изрази својата волја и масовно ќе се спротистави на деструктивноста.

„Се им беше удоволено и мораа да потпишат и да излезат на избори каде што народот ќе го даде главниот збор. Ние сaкамe да дојдеме до ситуација каде граѓаните ќе го дадат својот збор и тие да одлучат. Граѓаните гледаат кој работи, кој се бори за државата, кој работи д асе создадат дела, да се донесат инвестиции, а кој пак работи за да се направи деструкција, кој работи во правец на правење и продолжување на кризи.

Граѓаните на 11 декември ќе излезат и ќе си го кажат своето мислење, каква политичка опција сакаат да ја води Македонија во иднина. Политичка опција која што прави кризи, политичка партија која што прави деструкции или политичка опција која што отвора нови работни места и подобри услови за граѓаните“, потенцира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Утре ќе биде даден и предлог за новата техничка влада, избрана е Санта Аргирова за уредник на МТВ, се комплетираше ад-хок телото за медиумите и веќе сите реформи кои беа ставени на маса ќе мора да се спроведат.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com