HomeРЕФЛЕКТОРФилмКој е новиот најплатен актер во светот?

Кој е новиот најплатен актер во светот?

Според најновата листа на магазинот „Форбс“, Двејн Џонсон е најплатениот актер во светот. Според податоците од неговата биографија, Двејн својата кариера ја започнал со седум долари во џебот. Тоа било далечната 1995 година, а славниот актер денес е познат под прекарот „The Rock“.

Поранешниот боксер, од година во година напредува во својата кариера, а во 2012 година прв пат се најде на листата на „Форбс“ на најбогати познати личности, додека неодамна со 64.5 милиони заработка го освои самиот врв на оваа листа. Актерот преку своите објави на Инстаграм често се присетува на трновитиот пат до успехот.

Кон почетокот на 90-тите години бил приморан да ја прекине кариерата во „NFL“ поради повреда на коленото. The Rock потоа заигра во канадската лига на американскиот фудбал, но среќата ни тогаш не му се насмевна. Тој беше исфрлен од тимот бидејќи не бил доволно добар и вели дека тоа било најлошиот период од неговиот живот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com