HomeГИГА БАЈТСмартфонКој доминира на мобилниот пазар?

Кој доминира на мобилниот пазар?

iPhone со iOS и Google со Android оперативните системи се апсолутни владетели на софтверскиот мобилен пазар, затоа што BlackBerry и Windows мобилните платформи се на работ на умирање, тоа се коментира на интернет.

Во 2015 година Windows држеше 2,5% од пазарот на смартфони, додека BlackBerry беше со 0,3%. Во 2016 година овие цифри паднаа значително – Windows падна на 0,6, а BlackBerry на 0,1%. Цифрите се фрапантни. Сите што мислеа дека можат да се дистанцираат од Android и да настапат со свој оперативен систем се излажаа и се префрлија на Android оперативен систем, додека iPhone на Apple со iOS оперативниот систем, се уште гази на пазарот.

Помалку од 2 милиони Windows телефони се продадени на пазарот годинава и само 400 илјади од BlackBerry, додека iPhone телефони се продадени 44,4 милиони примероци и речиси 270 милиони Android смартфони. Веќе не станува збор дали BlackBerry и Microsoft ќе се повлечат од пазарот, туку прашање е кога ќе дојде до тоа.

Извор: telefoni.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com