HomeАНТИСТРЕСХороскопКоја професија е најдобра за секој хороскопски знак

Која професија е најдобра за секој хороскопски знак

 

Овен
Овенот е најмладиот знак во зодијакот и постои добра причина зошто е претставен токму од ова животно. Овните имаат силна волја, полни се со ентузијазам и енергија и имаат силен натпреварувачки дух. Најдобро се снаоѓаат во професии кои се плаќаат со провизија, а уште подобро е доколку има потенцијал за бонуси. Поради храброста, најчесто ќе ги најдете во професиите исполнети со опасности (полицајци, пожарникари итн.). Исто така, овните се одлични промотори, па многу лесно можат да влезат во светот на маркетингот. Најдобри професии: војник, спасувач, политичар, телевизиски презентер.

Бик

Биковите најмногу уживаат во стабилноста. Ќе работат напорно, но само ако имаат одредени гаранции: осигурување, одмор, добра плата и сигурност на работата. Одлучни се, трпеливи, чесни и методични, па така многу лесно се вклопуваат во секој тим и секогаш можете да се потпрете на нив. Наклонети се кон убавите нешта, па сакаат да работат со: цвеќиња, храна, накит и луксузни предмети. Најчесто имаат убав глас, па можат да работат како: спикери, говорници или рецепционери. Најдобри професии: сметководител, наставник, инженер, адвокат, дизајнер, градинар, готвач.

Близнаци

За близнаците да бидат среќни треба да имаат многу работа и таа работа да биде стимулативна. Близнаците многу добро се снаоѓаат кога се под притисок. Не издржуваат долго кога треба да работат нешто што постојано се повторува. Совршени се за професии кои бараат многу патување и интеракција со луѓе. Близнаците се оптимисти, полни со енергија, па треба да се поттикнуваат на самоизразување, наместо да се ограничуваат со традиционалните правила. Најдобри професии: брокер, техничка поддршка, наставник, архитект, машинист, спасувач.

Рак

Ракот е мајката на зодијакот (јарецот е таткото), па овие луѓе најчесто се снаоѓаат добро во професиите кои бараат грижа за одредени нешта. Сепак, ова не значи само работа со деца или кученца. Раковите се одлични директори, затоа што треба да се однесуваат слично како мајка која има премногу обврски во исто време. Раковите даваат одлични совети и се заштитнички настроени. Одговорни се и многу лесно ги решаваат проблемите. Најдобри професии: градинар, социјален работник, адвокат, наставник, директор, војник.

Лав
Никој не може подобро да ја одведе компанијата до успех и профит како што може моќниот лав. Тој е бестрашен, инспиративен и независен. Најдобро работи кога е во фокусот на вниманието и обожава професии кои со себе носат статус и моќ. Можат привремено да ја нарушат тимската атмосфера со високите побарувања, но шармот на крајот ги придобива сите. Не сакаат микро менаџирање, бидејќи се снаодливи и имаат интегритет, а најдобро им оди кога треба да водат, наместо да следат. Најдобри професии: директор, актер, туристички водич, агент за недвижности, декоратор, моден креатор, политичар, продавач.

Девица

Девиците се познати по перфекционизмот и добро се снаоѓаат во професии кои бараат големо внимание на деталите. Имаат одлично помнење, најдобро им оди со апстрактните нешта и се крајно уредни. Одлични се за професиите од услужниот сектор – невозможно е да бидете незадоволни со келнер кој е девица во хороскоп. Пишувањето, истражвувањето и статистиката се едноставни за темелните девици. Лесно можете да се разберете со нив, затоа што се многу весели. Имаат смисла за јазици. Најдобри професии: уредник / писател / новинар, наставник, критичар, техничар, преведувач, детектив, статистичар.

Вага
Што би правеле без вагите? Згодни се, шармантни, грациозни и забавни. Корпоративната природа ги прави одлични амбасадори и тимски водачи. Ако треба да разговарате со одделот за потрошувачи од некоја компанија, тоа ќе оди многу полесно доколку операторот е терезија. Повеќе од кој било друг знак, вагите се народски луѓе. Не се личности кои би се затвориле во професија во некоја темна соба – напротив, тие просперираат во раздвижени професии, постојано опкружени со луѓе. Голем број терезии тежнеат кон уметноста и почесто би биле пејачи во бендови, кои имаат честа интеракција со публиката, отколку повлечени текстописци. Најдобри професии: дипломат, танчер, продавач, преговарач, агент во туристичка агенција, надзорник.

Скорпија
Скорпиите се интензивни. Ако Ви е потребен некој да деактивира бомба или да изведе сложена операција на мозок, тогаш ќе сакате тој некој да е роден во знакот на скорпија. Тие се способни да ги блокираат сите непотребни информации, да се концентрираат и да се фокусираат како ласер. Љубопитни се и често се привлечени од мистерии, па затоа никогаш не би сакале да Ве испрашува скорпија, бидејќи не само што се застрашувачки, туку и крајно интуитивни. Тежнеат да откријат како функционираат нештата и ги привлекуваат абнормалните нешта. Никогаш не треба да им висите над глава, затоа што ним им е потребна независност и доверба од работодавачот. Најдобри професии: детектив, адвокат, наставник, научник, хирург, физичар.

Стрелец

Стрелците се етични, енергични и философски настроени. Одлични се кога станува збор за носење одлуки и секогаш се фер шефови. Голем број стрелци се духовни, што може да значи дека ќе се ориентираат кон кариери во кои главна улога играат животната средина, животните, но и религијата. Сакаат да патуваат и да бидат на чист воздух. Како колеги се симпатични и тешко можете да ги мразите, затоа што тензичните ситуации најчесто ги решаваат со хумор. Не сакаат да бидат врзани на биро, а рутината ги убива. Најдобри професии: свештеник, дресер, уредник, односи со јавност, тренер и сите професии поврзани со патување.

Јарец
Јарците се крајно амбициозни и им се потребни предизвици за да бидат среќни. Исто како што дивите кози се искачуваат по најситните камчиња за да стигнат до врвот, јарците се одлучни и упорни и секогаш прават сè што е потребно. Најголемиот дел од нив се одговорни и самосвесни, а многумина уживаат во моќта. Се придржуваат до правилата и очекуваат сите други да го прават истото. Ако сакате нешто да биде завршено како што треба и според упатствата, побарајте јарец. Најдобри професии: менаџер, администратор, уредник, банкар, IT и сè останато што е поврзано со наука.

Водолија
Нештото што ги одделува водолиите од сите останати е нивната хуманистичка природа. Сакаат да ги истражуваат авангардните идеи и имаат љубопитна и авантуристичка страна. Секогаш имаат некоја неконвенцијална, можеби и тукушто настаната професија. Не се задоволуваат со завршување на нештата онака како што дотогаш биле завршувани, па затоа, ако Ви е потребен нов пристап, водолиите нема да Ве разочараат. Најдобри професии: научник (ако можат да истражуваат нови теории), иноватор, органски фармер, авијатичар, дизајнер, музичар.

Риби
Рибите се најстариот знак во зодијакот и затоа голем дел од нив имаат „стара душа“. Најчесто се креативни и страстни. Одлично им одат традиционалните уметности (музика, танц, фотографија). Исто така, имаат одлична интуиција. Ако Вашиот фризер е роден во овој знак, не само што ќе Ви направи модерна фризура, туку ќе се потруди таа фризура најдобро да Ви одговара на карактерот. Голем број астролози и специјалисти за тарот се родени во овој знак. Исто така, интуицијата им помага на рибите и во професиите во кои се бара сочувствителност. Најдобри професии: уметник, медицинска сестра, физиотерапевт, филантроп, ветеринар, психолог.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com